Дома Останати Кошарка Словенецот има нов дом: Дончиќ ја купи куќата во која живееше Шарапова

Словенецот има нов дом: Дончиќ ја купи куќата во која живееше Шарапова

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, сега веќе може да размислува за новата сезона во НБА лигата, а како што јавуваат американските медиуми, веќе направи многу важен чекор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој одлучи да купи куќа во Лос Анџелес и тоа го направи.

Неговиот нов дом ќе биде некогашниот дом на Марија Шарапова, познатата руска тенисерка, а куќата ја купи за 25 милиони долари. 

Нешто пред трејдот на Далас и Лејкерс, Дончиќ размислуваше за купување куќа во Далас, но сè пропадна кога беше трејдуван во Лос Анџелес.

Да потсетиме, Лука беше избран во првата петорка на европското првенство, иако неговата Словенија испадна во четвртфиналето од Германија, подоцнежниот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…