Дома Топ вести Слот ја коментираше изјавата на Салах, но – брутално го понижи Манчестер сити!

Слот ја коментираше изјавата на Салах, но – брутално го понижи Манчестер сити!

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот ја прокоментира загрижувачката изјава на Мохамед Салах.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Египќанецот, очигледно разочаран бидејќи клубот не му понудил продолжување на соработката, најави заминување од Енфилд.

Тој пред дербито со Манчестер сити, кое го реши со асистенција и гол, изјави дека тоа можеби му е последен дуел со Граѓаните.

“Можеби Мо знае повеќе за тие 115 обвиненија (Случајот на Сити за кршење на финансискиот фер-плеј, прим.авт.), па очекува да не бидат тука следната сезона. Тоа беше шега. Повторувам, шега”, изјави Слот.

Салах е клучен играч на Ливерпул оваа сезона, постигна 13 голови и 11 асистенции на 20 натпревари.

Најмногу благодарение на него, „црвените“ се лидери на Премиер лигата со 34 поени, девет повеќе од Арсенал и Челси, но и во Лигата на шампионите со 15, два пред Интер.

Сепак, веќе се шпекулира дека започнал преговори со Пари Сен Жермен, во кој би заминал без обесштетување, бидејќи договорот му истекува на лето, а Ливерпул сè уште не му понудил нов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…