Дома Фудбал Славјето на Килијан Мбапе по голот на Реал. Реакција што не смее да се пропушти.

Славјето на Килијан Мбапе по голот на Реал. Реакција што не смее да се пропушти.

КИЛИЈАН МБАПЕ немаше право на настап на натпреварот против Атлетик, кој Реал Мадрид го играше вчера во рамките на 32. коло од шпанското првенство. Францускиот напаѓач отслужуваше суспензија поради црвениот картон, заработен поради груб прекршок во натпреварот против Алавес. Беше на трибините, а еден навивач ја сними неговата реакција при голот на Феде Валверде од 93-та минута за победа на Реал со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако судијата првично покажа жолт картон, по интервенција на ВАР и преглед на снимката на монитор покрај теренот, одлучи да ја промени одлуката во црвен картон.

Мбапе му се закануваше суспензија од една до три натпревари, а доби најблагата казна. Ја отслужи за време на вчерашниот дуел, а како го прослави голот за победа го сними еден навивач на трибините. Славењето на Мбапе брзо стана вирално и можете да го погледнете ТУКА. АС го опишува како “реакција што не смее да се пропушти”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…