
Фред Керлеј, поранешен светски првак и сегашен носител на бронзен олимписки медал на 100 метри, е уапсен пред атлетскиот митинг во Мајами.
Заради ова го пропушти овој спортски настан, а причината е конфликт во службениот хотел. Според американските медиуми, Керли физички ја нападнал својата поранешна девојка.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Според сведоците, Фред со тупаница во глава ја удрил Алиша Џонсон, американска олимпијка која се натпреварува во трка на 100 метри со пречки.
„Керлеј беше уапсен синоќа. Истражувањето е во тек и сите прашања поврзани со него треба да се упатат до канцеларијата на шерифот на округот Бровард Фред, нема да трча оваа недела и немаме други коментари“, објавија организаторите.
Фред минатата година на Олимписките игри во Париз освои бронза на 100 метри, а пред четири години во Токио на истата дистанца освои сребро. Беше светски шампион во најатрактивната дисциплина во Јуџин 2022 година.
На Флорида требаше да трча на 100 и на 200 метри.