Дома Фудбал Сити започна преговори со замената на Де Брујне

Сити започна преговори со замената на Де Брујне

Од Манчестер Сити воспоставиле првични контакти со претставници на играчот од среден ред на Лион, Рајан Шерки, информира трансфер експертот Фабрицио Романо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Плејмејкерот моментално е цел број еден за позицијата на креативен играч од средниот ред, кој треба да придонесе со повеќе креативност, која ќе биде особено потребна во тимот по заминувањето на Кевин де Брујне и можната разделба со Џек Грилиш.

Французинот се искачил нагоре на листата по неуспесите на “граѓаните” со другите главни цели како што се Морган Гибс-Вајт и Флориан Вирц. Според различни извори, Шерки има договор со раководството на Лион да биде ослободен во друг клуб ова лето за 25 милиони евра. Играчот од средината имаше извонредна сезона со тимот на “лавчињата” постигнувајќи 12 голови и 20 асистенции во 44 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Паоло Малдини нема ангажман откако ја напушти позицијата технички директор на Милан. Зошто…