Дома Фудбал Сити, Челзи и Њукасл се изборија за билет во Лигата на шампиони

Сити, Челзи и Њукасл се изборија за билет во Лигата на шампиони

Спуштена е завесата на сезоната во Премиер лигата каде одамна се знаеше дека Ливерпул е шампион, а место во ЛШ денес изборија Сити, Челзи и Њукасл.

Исклучително возбудливо беше во борбата за билет за Лига на шампиони каде пет тима се бореа за три места,

Манчестер Сити на гостувањето кај Фулам му беше потребна победа и независеше од друг резултат. „Граѓаните“ рутински дојдоа до трите бода со победа од 2:0.

Челзи во директниот дуел успеа да го добие Нотингем Форест на гостувањето со 0:1 и заврши на 4-то место на табелата.

Возбудливо беше на „Сент Џејмс Парк“ каде Њукасл неочекувано беше поразен од Евертон со 0:1. Меѓутоа, „чавките“ успеаа да завршат на 5-то место благодарение на победата на Манчестер Јунајтед над Астон Вила на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …