Дома Моторспорт Синот на Мик Шумахер постави неславен рекорд во Формула 1

Синот на Мик Шумахер постави неславен рекорд во Формула 1

Mик Шумахер, синот на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер направил најмногу штета на својот болид во изминатата сезона во Формула 1.

Мик кој вози за Хас на болидот му нанел штета од четири милиони фунти. Предното крило му било оштетено осум пат, предниот дел девет…Направил повеќе штета и од тимскиот колега Никита Мзепин кој тимот го чинеше два милиони фунти, двојно помалку од Шумахер.

Сезоната 22-годишниот Шумахер ја заврши без бодови, а најдобриот пласман му беше 12. позиција на трката во Унгарија. Имаше три откажувања во 22 трки.

На второто место зад Шумахер е Шарл Леклер од Ферари кој италијанскиот тим го чинел 3.5 милиони фунти, додека шампионот Макс Верстапен на својот болид направил штета од 3.3 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…