
Веројатно е невозможно да се замисли количината на болка и тага што ја чувствуваше Јаник Синер додека седеше на столчето по завршувањето на финалето на Ролан Гарос, размислувајќи за моментот кога водеше со 2:0 во сетови и имаше предност на 5:4 во третиот сет со 40:0, додека Карлос Алкараз се обидуваше да изведе невозможна мисија и на крајот излезе како победник.
Италијанскиот тенисер, чиј живот и кариера беа обележани со допинг скандал, делуваше речиси незапирливо на Ролан Гарос и во финалето стигна без загубен сет, на тој пат со нула победувајќи го и големиот Новак Ѓоковиќ.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Иако обично на лицето нема израз на емоции, студен како лед, Синер од Алкараз доби јасна лекција дека и тој е само човек каков што е и секој друг, исполнет со емоции.
Татко му, Петер, пак, не беше таму, а самиот Синер објасни зошто тоа се случило.
„Ќе се вратам дома со моето семејство, кое е многу обично. Мојот татко не беше тука да ја гледа играта затоа што мораше да работи. Успехот не менува сè во семејството, сега јас сум тој што очекува нешто од нив. Мајка ми беше тука, татко ми ме следеше на ТВ откако заврши со работа. Не треба постојано да плачам, тоа се случува.“
Фото: Принтскрин