Дома Останати Тенис Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе му исплаќа помеѓу три и пет милиони долари годишно. Сега го реализираше своето прво комерцијално интервју за оваа компанија, каде даваше брзи одговори на кратки прашања.

Одговорите ги даде на тераса во Монте Карло, каде живее веќе неколку години. Овој амбиент секако влијаеше на содржината на неговите одговори.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓу тениските прашања беше и она дали повеќе сака грди победи или убави порази. Италијанецот одговори во стилот на својот начин на игра — речиси роботски, без многу спектакуларни обиди.

– Морам да признаам дека повеќе сакам грди победи бидејќи не сакам да губам – истакна освојувачот на четири грен слем титули.

Во неговата игра секогаш е важна рационалноста и максималното искористување на своите најголеми предности. Тоа одлично го искористи Карлос Алкарас во финалето на Ју-Ес Опен, па Синер рече дека мора да промени нешто бидејќи станал предвидлив.

Секако, не сите прашања беа за тенис. Едно од италијанските прашања беше:

Недела без тестенини или недела без тенис?

– Недела без тенис затоа што тогаш можам да одам на крстарење – насмеан рече Синер, додавајќи на крајот дел одговорот поради дејноста на неговиот спонзор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На Синер му недостигаат четири пехари за да направи нешто што Надал и Федерер не успеаја

Само Новак Ѓоковиќ успеа еднаш да го направи она што Јаник Синер го направи оваа година: д…