Дома Останати Тенис Синер има сè поголем проблем: ВАДА инсистира да биде суспендиран

Синер има сè поголем проблем: ВАДА инсистира да биде суспендиран

Портпаролот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Џејмс Фицџералд потврди дека барањето на ова тело е првиот тенисер во светот Јаник Синер да биде суспендиран.

Италијанецот два пати во март минатата година бил позитивен на допинг-тест за забранетата супстанца клостебол, но Меѓународната агенција за тениска интегритет го ослободила од обвиненија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На таа одлука, пред Судот за спортска арбитража, се жалеше токму ВАДА, а сослушувањето ќе биде обавено на 16 април.

Сметаме дека пресудата ‘без вина и небрежност’ не е во согласност со важечките правила и бараме суспензија од една до две години“, рече Фицџералд и додаде:

Со текот на годините, минималниот праг за различни супстанци кои ненамерно се внесуваат забранета супстанца е приспособуван“.

На Синер му била пронајдена многу мала количина на клостебол, која не можела да влијае на неговата игра, а контаминацијата наводно била предизвикана од крема за масажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Се појави на Вимблдон: Дали оваа босанска убавица е новата девојка на Јаник Синер? (Фото)

Веќе подолго време се зборува дека Лејла Хасановиќ е новата партнерка на Јаник Синер, а се…