Дома Фудбал Симеоне веднаш втрча на терен по крајот на натпреварот, а потоа Артета го покажа своето вистинско лице (Видео)

Симеоне веднаш втрча на терен по крајот на натпреварот, а потоа Артета го покажа своето вистинско лице (Видео)

Фудбалерите на Арсенал по 20 години се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, а камерите го забележаа она што Микел Артета го направи кога судијата означи крај на натпреварот против Атлетико Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Арсенал успеа да го победи Атлетико Мадрид во двомечот од полуфиналето на Лигата на шампионите и за прв пат од 2006 година се пласира во финалето.

Првиот натпревар помеѓу овие тимови кој се играше во Мадрид заврши со резултат 1:1, а синоќа Арсенал пред своите навивачи ги победи „Јорганџиите“ со 1:0 што беше доволно за да се пласираат понатаму.

Херој на Арсенал беше Букајо Сака кој на крајот од првото полувреме го постигна единствениот гол на натпреварот вреден финале на Лигата на шампионите.

По означувањето на крајот на натпреварот, Диего Симеоне се појави на теренот за да ги поздрави своите играчи, но вниманието му го украде Микел Артета.

Артета, секако во еуфорија ги славеше големата победа и пласманот во финалето, но потоа знаеше што треба да направи.

Тренерот на Арсенал побрза веднаш до Симеоне за да му подаде рака, а камера го сними нивниот навистина одличен сусрет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распад-систем во Реал Мадрид: Рудигер делел шлаканици во соблекувалната

Дека ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид е сосема надвор од контрола најдобро пок…