Дома Фудбал Силекс преку Мирчевски и Донов ја „нокаутира“ Македонија ЃП

Силекс преку Мирчевски и Донов ја „нокаутира“ Македонија ЃП

Фудбалерите на Силекс ја започнаа 14. рунда од Првата македонска лига со важна победа од 2-1 над Македонија Ѓорче Петров.

Кратовчани тргнаа поагресивно и уште во 15. минута дојдоа до водство – Мирчевски одлично реагираше на нафрлување и со прецизен удар со глава го надмудри голманот Јанков.

Домашните продолжија во исто темпо и во 27. минута го удвоија водството. Донов се најде во вистинскиот момент и без проблем ја затресе мрежата на „лавовите“.

Македонија ЃП успеа да намали во 32. минута преку Пецов, кој реализираше по добра акција и го постави конечниот резултат (1-2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емоции и солзи во Боговиње: Шерифи даде гол и го посвети на загинатиот соиграч Николовски (Видео)

Фудбалерот на Дрита Боговиње, Рамадан Шерифи, со емотивен гест го одбележа убедливиот триу…