Дома Останати Тенис Шварцман се расплака во родниот град и замина во пензија (Видео)

Шварцман се расплака во родниот град и замина во пензија (Видео)

Аргентинскиот тенисер Дијего Шварцман синоќа во родниот град го одигра последниот меч во кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во пензија го испрати Шпанецот Педро Мартинез, кој со 6:2, 6:2 го совлада во второто коло на АТП турнирот во Буенос Аирес.

Посебно впечатлив момент се случи на меч топка, кога сите навивачи станаа од столчињата и почнаа да скандираат на 32-годишниот Шварцман.

Диего емоционално реагираше и солзите беа неизбежни.

Некогаш осмиот играч во светот, за време на кариерата освои четири АТП титули, а најголем успех на гренд слем турнирите постигна со пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос во 2020 година.

Тој најмногу играше тенис во ерата на „големата тројка“, а против Ѓоковиќ, Надал и Федерер играше вкупно 23 пати и забележа една победа против Рафаел Надал, од кого загуби дури 11 пати.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…