Дома Фудбал Што има Челзи што Бетис нема? Иско вели – пари!

Што има Челзи што Бетис нема? Иско вели – пари!

Во среда, во 21 часот, Бетис и Челзи ќе се соочат во финалето на Конференциската лига во Вроцлав.

Челзи може да стане единствениот клуб што има освоено трофеи во сите три натпреварувања на УЕФА, што претходно како тренер го постигнал Жозе Мурињо.

Традиционално, ден пред натпреварот се одржуваат конференциите за медиуми, а од таборот на Бетис пред новинарите беа капитенот Иско и тренерот Мануел Пелегрини.

Имаше многу прашања поврзани со натпреварот, но особено впечатлив беше одговорот на Иско на едно од нив.

„Што има Челзи што Бетис го нема“?

„Добро прашање. Мислам дека главно пари“, одговори капитенот на Бетис со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…