Дома Останати Шпанија и Португалија во финалето на ЕП во футсал

Шпанија и Португалија во финалето на ЕП во футсал

Репрезентациите на Шпанија и Португалија ќе се сретнат во финалето на Европското првенство во футсал кое се одржува во Словенија.

Португалија синоќа ја совлада Русија со 3:2 во неизвесен и интересен натпревар кој беше решен во самиот финиш. Русите дојдоа до водство преку Едер Лима во 4 минута и на полувреме беше 1:0, за после на сцена да стапи Андре Коело кој со головите во 31 и 36 минута ја донесе Португалија до водство од 2:1. Во 40 минута Коело го зголеми водството на 3:1 во моментите кога Русија играше без голман.

Веднаш потоа, Едер Лима со нов погодок погоди за 3:2,  но за актуелниот светски првак и европскиот вицепрвак веќе немаше време.

Вториот полуфинален натпревар понуди одличен дуел меѓу Казакстан и Шпанија, во кој шпанците после изведување на пенали славеа со 6:5. Во регуларниот дел беше 4:4, а по продолженијата натпреварот заврши 5:5. На крајот подобро се снајдоа играчите на Шпанија, кои беа поприсебни во изведувањето на пеналите.

Големото финале на ЕП во футсал на распоредот е во недела со почеток во 20:45 часот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…