
Српскиот фудбалер Милош Керкез, кој игра за репрезентацијата на Унгарија, сосема неочекувано се најде на списокот на желби на мадридскиот Реал!
Не е тајна дека Реал сака да ја освежи позицијата на левиот бек, а шпанската “Марка” наведува дека Керкез е реална опција кога станува збор за “кралскиот клуб”.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
– Младиот дефанзивец, кој оваа сезона блескаше под водство на менаџерот Андони Ираола, привлече големо внимание со своите извонредни настапи. Со свои 21 година, неговата енергија и дефанзивната стабилност го направија еден од најдобрите во Премиер лигата. Неговите одлични игри не поминаа незабележани, па Реал Мадрид е заинтересиран за негово ангажирање. Кралскиот клуб сака да ја зајакне својата одбрана, а овој млад играч би можел да биде клучен дел од нивните планови за иднината – наведено е во текстот.
Керкез оваа сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања за Бормут и, постигна два гола, додавајќи и шест асистенции, додека е стандарден член на унгарската репрезентација.
Целата сезона практично се поврзуваше со Ливерпул, и “Црвените” дури почнаа преговори со неговиот клуб, но прашање е што ќе се случи доколку Реал навистина одлучи да се бори за Србинов.
Фото: A.F.C. Bournemouth/X