
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс би можел да ја продолжи кариерата во Хапоел Тел Авив, пренесуваат медиумите од Израел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шортс минатото лето пристигна во Панатинаикос како големо засилување по одличните настапи во дресот на Париз, но не успеа целосно да се наметне во тимот на тренерот Ергин Атаман.
Неговата статистика значително опадна во однос на претходната сезона во Евролигата, па во просек бележеше 8,1 поен и 2,9 асистенции по натпревар.
Според информациите 28-годишниот плејмејкер веќе постигнал договор со Хапоел и се очекува наскоро да биде официјализирана соработката.
Доколку трансферот се реализира, Шортс во новиот клуб би формирал силен плејмејкерски тандем со Василије Мициќ за следната сезона.