Дома Фудбал Шкендија без игра до победа, Шелбурн си даде автогол во 90. минута! (ВИДЕО)

Шкендија без игра до победа, Шелбурн си даде автогол во 90. минута! (ВИДЕО)

Eкипата на Шкендија успеа да дојде до својата прва победа во Конференциската лига и тоа со автогол во 90. минута (1-0) откако претходно речиси и ништо да не прикажаадвете кипи.

Се до последните моменти и автоголот кој дојде по еден корнер ниту една од екипите немаше сериозна пилика за гол.

Најчесто топката беше на средината од теренот, а изгледаше како и двете екипи да се задоволни со ремито.

За Шкендија ова е прва победа и први три бода откако во првото коло беа поразени од Рајо со 2-0, додека Шелбурн остана на бодот освоен со Хакен одигрувајќи реми 0-0.

Во третото коло Шкендија повторно игра дома и тоа против Јагелонија, натпревар кој е закажан за 6 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По две минути повторно се повреди, но не се откажа: Бјорн ја доби најтешката битка

Натали Бјорн помина низ две последователни рехабилитации и моменти кога сакаше да се откаж…