Дома Фудбал Шкендија ги дозна термините за натпреварите со Карабах

Шкендија ги дозна термините за натпреварите со Карабах

Екипата на Шкендија дојде уште еден чекор поблиску до битката за место во Лигата на шампоните, тетовскиот првак успешно го мина второто квалификациско коло и сега го очекува нов голем предизвик — азербејџански Карабах.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот натпревар од третиот квалификациски круг „црвено-црните“ ќе го одиграат на домашен терен и тоа на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Средбата е закажана за вторник, 5 август со почеток во 20:00 часот, а реваншот е точно седум дена подоцна, на 12 август во главниот град на Азербејџан, Баку. Натпреварот таму ќе стартува во 18:00 часот по македонско време.

Против себе Шкендија ќе има искусна и респектирана екипа која редовно настапува во европските натпреварувања, но во тетовскиот табор владее верба и мотив. Добрата форма на тимот и очекуваната масовна поддршка од публиката во Скопје го хранат оптимизмот дека нов подвиг е возможен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…