
Екипата на Шкендија денеска го дозна противникот за потенцијалниот плеј-оф во Лигата на Шампионите каде што ќе игра ако го мине Карабах.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ждрепката сакаше шампионот на ПМФЛ со евентуална победа во двомечот да оди на подобриот од мечот помеѓу Лудогорец и Ференцварош..
Ќе потсетиме, Шкендија веќе обезбеди европска есен и најмалку има обезбедено лигашка фаза од Конференциската лига, но тетовци сега се во битка и за нешто повеќе.
Во претходното коло македонскиот претставник приреди изненадување со двете победи против ФЦСБ (поранешна Стеуа) и така покажа дека може да игра и против силни екипи.