Дома Фудбал Шкендија даде смешно објаснување за скандалот кој го направи во купо!

Шкендија даде смешно објаснување за скандалот кој го направи во купо!

Фудбалерите на Шкендија вчера загубија од Силекс со 1-0 во финалето од Купот на Македонија, меѓутоа натпреварот беше обележан и со неспортското однесување од страна на тетовската екипа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред почетокот на дуелот навивачите на Шкендија упатуваа свирежи за националната химна, а по дуелот фудбалерите одбија да ги примат медалите.

Иако, спикерот на стадионот неколку пати ги повика и неговиот повик јасно се слушна, сега од Шкендија објавија соопштение во кое велат дека тие не слушнале, а во соблекувалната заминале по нови дресови бидејќи претходните им ги дале на навивачите.

„По завршувањето на натпреварот, нашите фудбалери се упатија кон навивачите за да им се заблагодарат за поддршката во текот на 90-те минути и истовремено да побараат извинување за разочарувањето предизвикано од денешниот пораз. Секако, по исходот од финалето, навивачите со право беа разочарани, па задржувањето покрај трибината траеше подолго од предвиденото. Фудбалерите останаа неколку минути покрај трибината комуницирајќи со навивачите и не сакајќи несоодветно да се оддалечат од тој дел на стадионот.

Поради емоциите, бучавата на стадионот и ситуацијата што се создаде во тие моменти, фудбалерите не го слушнале повикот за церемонијата на доделување медали. Клубот побара дополнително време од организаторите со цел екипата да ја смири ситуацијата и да се врати на теренот за официјалната церемонија.

Фудбалерите потоа се вратија кон теренот, додека во тие моменти беше во тек церемонијата на доделување медали за фудбалерите на Силекс. Дел од нашите фудбалери се упатија кон соблекувалната за да облечат дресови или спортска опрема, бидејќи некои од нив останаа без дресови откако веднаш по натпреварот им ги подарија на навивачите.

Јасно нагласуваме дека во ниту еден момент Шкендија не одби да ги прими медалите, ниту пак имаше намера да покаже непочитување кон организаторот или противничката екипа. Доказ за тоа е фактот што претставниците на нашиот тим, вклучувајќи ги Бесарт Ибраими, Арбин Зејнулаи и Мевлан Мурати, комуницираа со организаторите и воедно им го честитаа триумфот во финалето на фудбалерите на Силекс.

Целата ситуација беше последица на недоразбирање и технички пропуст во емоционалните моменти по натпреварот, а не одлука или намерен потег од страна на клубот или нашите фудбалери. “, велат од Шкендија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…