Дома Фудбал Шишковски останува во Борац, наскоро ќе го продолжи договорот

Шишковски останува во Борац, наскоро ќе го продолжи договорот

Искусниот македонски голман Дамјан Шишковски минатото лето пристигна во Борац од Бања Лука и изгледа дека ги оправда очекувањата, бидејќи се очекува наскоро да го продолжи договорот со овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голманот од Македонија дојде во Борац пред почетокот на сезоната откако помина полусезона во ерменскиот Арарат.

Шишковски потпиша едногодишен договор со Борац, но изгледа дека успеа да ги оправда очекувањата и затоа ќе биде награден.

Неофицијално, босанските медиуми дознаваат дека Шишковски и Борац се договориле за продолжување на соработката и договорот ќе биде скоро потпишан и се чека само официјална потврда дека овој голман останува во клубот од Бања Лука.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дани Себалјос веќе не е фудбалер на Реал Мадрид

Полуфудбалерот Дани Себалјос објави дека го напушта Реал Мадрид по седум сезони во шпански…