Дома Фудбал Шчесни за порокот со цигарите: Ја изгубив таа битка

Шчесни за порокот со цигарите: Ја изгубив таа битка

Голманот на Барселона Војчех Шчесни изјави за „ЕСПН“ дека ја изгубил битката со пушењето цигари и им порача на другите да не го следат неговиот пример.

Шчесни (35) стана миленик на навивачите на Барса откако во октомври се врати од пензија и се приклучи на клубот по повредата на Марк-Андре тер Штеген.

На 25 натпревари доживеа само еден пораз – на гостување кај Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

„Можеби тоа е причината. Јас сум само голман. Морам да фатам топка и да ја испукам. Многу е полесно да се држите до своите претходни интервјуа ако си искрен, ако не лажеш и ако си отворен. Постојат работи за кои би сакал да не зборувам. На оваа тема би сакал да молчам”, рече Полјакот.

„Но ако ме некој праша – да, пушам. Но, би сакал да не ме прашуваат затоа што не сакам да бидам лош пример“, додаде Шчесни.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото…