Дома Останати Кошарка Сериозна криза го тресе КК Работнички: Кошаркарите играат без плата, сами организираат гостувања и си плаќаат сала за тренирање!

Сериозна криза го тресе КК Работнички: Кошаркарите играат без плата, сами организираат гостувања и си плаќаат сала за тренирање!

Koшаркарите на Работнички се доведени во ситуација сами да го одржуваат клубот во живот, а сега одлучија преку соопштение да ја информираат јавноста што се случува.

Имено, како што објавија од редовите на скопскиот клуб дел од кошаркарите со месеци не земале плата, а на сето тоа сами си плаќале сала за тренинзи и организирале гостувања.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Следствено последните збиднувања во клубот, ние, играчите и стручниот штаб на КК Работнички, решивме преку ова соопштение да ја обелодениме немилосрдната ситуација во која се наоѓаме.

Последните четири месеци сме буквално оставени на милост и немилост од страна на управата во клубот. Освен Бранко Радевски, ниту еден друг член од истата, вклучувајќи го и спортскиот директор Горан Веселиновски, не се појавил пред лицето на играчите.

Тоталната негрижа и незаинтересираност се само едни од низата разочарувачки последователни настани кои ги преминаа сите граници.

Финансиските проблеми се повеќе од очигледни (на некои од играчите им се должат дури и пет плати од оваа и минатата година), меѓутоа, уште позастрашувачки е фактот што ние се наоѓаме во една крајно незавидна ситуација каде што веќе две недели немаме сала за тренинг и тренираме во школска сала која ги нема основните услови за еден тренинг каков што треба да има еден кошаркарски клуб од првата лига. Немаме ниту соодветни кошаркарски топки, немаме никакви лекарства. Мраз и бандажи за зглобови се мисловна именка. Замислете, доведени сме во ситуација ние сами да си платиме термин за тренинг во СЦ Борис Трајковски, само како би можеле да се подготвиме за претстојниот натревар против екипата на Пелистер. Постојат играчи и членови на стручниот штаб кои сами ги плаќаат кириите за становите каде што живеат, зашто во спротивно би биле избркани поради неплаќање од страна на управата, на некои натпревари патувавме со сопствени автомобили поради неспособноста да се најде превоз за целата екипа. Бевме испратени на пат до Сараево кој трае дванаесет часа без ниту еден оброк.

Доведени сме во ситуација да размислуваме за сите пропратни работи во клубот освен да се фокусираме на нашата игра која треба да е наш приоритет.

Сите клубови ги добија своите ваучери освен нашиот поради административни пропусти на веќе споменатите (не)одговорни лица.

Поради горенаведените збиднувања со кои сме соочени, нашето присуство на следната утакмица во недела се доведува под знак прашалник.

Доколку не се преземат конкретни чекори за подобрување на ситуацијата очекуваме да наидеме на разбирање од спортската јавност за нашите постапки. Спортски поздрав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тренерот на Партизан одбил да го ангажира Јокиќ со срамен одговор

Никола Јокиќ на 15 години учествуваше на еден камп на Златибор, а тогашниот тренер на Парт…