Дома Моторспорт Серхио Перез конечно негативен, ќе вози во Шпанија

Серхио Перез конечно негативен, ќе вози во Шпанија

Ова утро пристигнаа добри вести од Формула 1.

Мексиканецот Серхио Перез се опорави од коранавирусот и ќе ја вози трката за Големата награда на Шпанија која на програмата е овој викенд.

Да потсетиме, Перез беше заразен ссо Ковид19 пред две недели. Ги пропушти двете трки во Силверстоун, а негова замена беше Нико Хулкенберг.

Германскиот возач во првата трка на Силверстоун имаше големи проблеми бидејќи болидот не сакаше да запали и не ја возеше трката, додека пред неколку дена на истата стаза го освои фантастичното седмо место.

Хулкенберг сега ќе се повлече бидејќи Перез се враќа во болидот на Рејсинг поинт и ќе ја вози трката во Каталонија.

Инаку, Перез во првите три трки освои 22 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…