
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е на чекор до нова авантура во кариерата, откако според пишувањата на бугарските медиуми, ќе го облече дресот на Левски Софија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Очекувањата се дека 23-годишниот стопер денеска ќе ги заврши медицинските тестови, по што и официјално ќе биде претставен како ново засилување на еден од најтрофејните клубови во Бугарија.
Серафимов во редовите на „сините“ доаѓа од унгарскиот Фехервар, а во минатото ги бранеше боите и на Залаегершег, Академија Пандев и Вардар, како и на Пелистер и Брегалница каде настапуваше како позајмен играч.