Дома Останати Кошарка Сензација на Евробаскетот: Црна Гора од аутсајдерот елиминирана од Евробаскетот!

Сензација на Евробаскетот: Црна Гора од аутсајдерот елиминирана од Евробаскетот!

Кошаркарите на Црна Гора доживеааа сензационално испаѓање од Евробаскетот, откако во клучниот меч од 5. коло на групата Б беа поразени од Велика Британија со резултат 89:83.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот практично немаше значење за Британиците, на кои им беше потребна победа со 33 поена разлика за да одат понатаму, но Црногорците не успеаја да ја искористат оваа ситуација.

Тие одиграа слабо, и покрај тројката на Михајловиќ една минута пред крајот, со која поведоа 81:80.

Британците сепак задржаа сериозност и во финишот приредија сензација, предводени од Хесон со 25 и Јебоах со 22 поена.

Најдобрите играчи во редовите на Црна Гора беа Вучевиќ со 31 поен и Олман со 14 поени.

Интересно, ова беше прва победа на Велика Британија на Евробаскетот уште од 2013 година. Од оваа група понатаму продолжува Шведска, која има една победа, и следниот меч го игра против Литванија.

Имено, Шведска има најдобар меѓусебен скор, односно кош разлика во дуелите со Црна Гора и Велика Британија, што им ја гарантира четвртата позиција, без оглед на исходот од натпреварот со Литванците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Д…