Дома Фудбал Седлоски по поразот: Оставете ги фудбалерите, јас ја преземам одговорноста!

Седлоски по поразот: Оставете ги фудбалерите, јас ја преземам одговорноста!

По убедливиот пораз од Турција и четирите примени погодоци без постигнат гол, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски не го криеше разочарувањето од изданието на својот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стратегот на националниот состав истакна дека ја презема целосната одговорност за неуспехот и застана во одбрана на своите избраници, нагласувајќи дека вината не треба да се бара кај фудбалерите.

„Загубивме со 0-4, ја преземам сета одговорност бидејќи јас ги поставувам играчите. Ова е пријателски натпревар, на сите играчи им дадов шанса. Од овие натпревари треба да учиме многу. Точно е, имаме четири меча без постигнат гол. Работиме на тренинзите на тој сегмент. Игравме со силни репрезентации, а иако тоа не е оправдување, мора да работиме.  Не смееме да се распаѓаме по примен гол. Мора да ги научам играчите дека треба да се оправда довербата да се биде дел од националниот тим“, кажа Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …