Дома Фудбал Се продава клубот кој испадна од Премиер лигата: Ова е неговата цена

Се продава клубот кој испадна од Премиер лигата: Ова е неговата цена

Саутемптон со нетрпение го очекува крајот на кошмарната сезона во која испадна од Премиер лигата, а според пишувањата на англиските медиуми, во Чемпионшип може да влезе со нов сопственик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, островските извори наведуваат дека српскиот бизнисмен Драган Шолак е подготвен да го продаде клубот од стадионот Сент Мери, кој го купи за 117.000.000 евра пред три години.

Се наведува и дека цената на „светците“ овојпат би била 147.000.000 евра, меѓутоа, сите изгледи се дека тоа нема да се случи.

„За 147 милиони евра евентуално би можело да се размисли за продажба на Тајлер Диблинг. Ништо повеќе од тоа, тоа е единствениот одговор“, изјавено е во Спорт клуб.

Освен Саутемптон, Шолак има мнозинско сопствеништво и во Валансиен од Франција и турскиот Гезтепе.

Фото: Southampton FC/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери: Не се чувствувам како крал на Лига Европа!

Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унај Емери, изјави по освојувањето на трофејот во …