Евентуалниот трансфер на Маркус Рашфорд оваа зима почнува да изгледа се помалку веројатен, пишуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На почетокот на месецот неколку од големите клубови на Стариот континент изразија желба да го привлечат напаѓачот, но со текот на времето секој од нив испадна од трката за неговиот потпис.
Еден од главните проблеми е високата плата на играчот и неподготвеноста на Манчестер Јунајтед да го пушти во друга екипа, но во исто време да плаќа 50% од неговата плата.
Последна од трката испадна Борусија Дортмунд, а претходно се откажаа Милан и Барселона, па се поверојатно е Рашфорд да остане на „Олд Трафорд“.