Дома Останати Кошарка Се повреди Виктор Вембањама

Се повреди Виктор Вембањама

Американскиот професионален кошаркарски НБА тим Сан Антонио Спарс ќе биде без својот најдобар играч, францускиот центар Виктор Вембањама, најмалку две недели поради повреда на листот на левата нога.

Првиот пик од драфтот во 2023 година, Вембањама, го пропушти натпреварот против Сакраменто Кингс во неделата, што го добија Спарс со резултат од 123:110. Со оваа победа, тие достигаа до скор од 9:4 и петтото место во Западната конференција.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според американските медиуми, Спарс ќе се однесуваат со големо внимание кон оваа повреда на Вембањама. „Во последно време низ лигата видовме дека повредите на листот не треба да се потценуваат. Не сакаме да ризикуваме ништо“, изјави тренерот на Спарс, Мич Џонсон.

Оваа сезона, Вембањама има просек од 26,2 поени, 12,9 скокови, 4,0 асистенции и 3,6 блокади по натпревар. Минатата сезона, високиот Французин од 224 сантиметри, поради проблеми со венска тромбоза во десното рамо, одигра само 46 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спектакл во Минесота: Богдан израмни, па го гледаше падот на Клиперс во последните секунди (Видео)

Враќањето на Богдан Богдановиќ го обележа гостувањето на Лос Анџелес Клиперс во Минесота, …