Дома Фудбал Се огласија навивачите на Кожуф: Нема да дозволиме клуб кој постои еден век да „јаде“ ваков срам!

Се огласија навивачите на Кожуф: Нема да дозволиме клуб кој постои еден век да „јаде“ ваков срам!

Вистинска бура од реакција предизвика вчерашниот натпревар помеѓу Кожуф и Башкими кој заврши со победа на гостинскиот состав од 1-2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реакциите во јавноста се поради победничкиот гол на кумановскиот состав на во самата завршница. Од Министерството за спорт и ФФМ веќе најавија најстроги казни за виновниците, додека клубовите ги отфрлаа обвинувањата.

Сега во јавноста се огласи и навивачката група на клубот од Гевгелија, „Фантоми“.

„Клуб кој постои 1век да јаде ваков срам нема да дозволиме! Како навивачка група бараме итен состанок и ОДГОВОРНОСТ! Никој нема да биде поштеден! Клуб за кој сме се бореле во општински лиги, сме јаделе куп казни, притисоци , закани и сл ! Секогаш сме биле победници ќе бидеме и сега ! Ќе се избориме до крај, КОЖУФ ОВА НЕ ГО ЗАСЛУЖИ!ВРЕМЕ Е КЛУБОТ ДА ДОЈДЕ ВО НАШИ РАЦЕ! ТИШИНА ПРЕД БУРА! ЗА СИТЕ ПОСТАПКИ НА ГРУПАТА ЌЕ БИДЕТЕ НАВРЕМЕНО ИЗВЕСТЕНИ“, соопштија од навивачката група.

Фото: ФК Кожуф

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…