Дома Фудбал „Сан“ откри колку пари ќе заработува Шешко во Манчестер јунајтед

„Сан“ откри колку пари ќе заработува Шешко во Манчестер јунајтед

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед официјално го обезбеди потписот на 22-годишниот словенечки напаѓач Бенјамин Шешко, кој доаѓа од германскиот клуб РБ Лајпциг. Договорот е склучен на период од пет години, со важност до летото 2030 година, објави клубот од „Олд Трафорд“.

Според информациите на британскиот весник „Сан“, Шешко ќе биде седмиот најплатен фудбалер во составот на Јунајтед. Во моментов, највисока плата во тимот има 33-годишниот бразилски играч од средниот ред Касемиро, кој заработува околу 20,8 милиони евра годишно.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се очекува словенечкиот репрезентативец да инкасира околу 9,6 милиони евра по сезона во следните пет години. Во договорот постои и специјална клаузула која предвидува зголемување на неговите примања на 12 милиони евра годишно доколку „црвените ѓаволи“ успеат да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Фото: Facebook/Manchester United

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рудигер вчера го навредувал хрватскиот репрезентативец: Тоа е неприфатливо!

Хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ ја отвори темата за инцидентот со Антонио Рудиге…