Дома Фудбал Салах ги критикува навивачите на Ливерпул поради поранешните соиграчи

Салах ги критикува навивачите на Ливерпул поради поранешните соиграчи

Мохамед Салах, најголемата ѕвезда на Ливерпул, реагираше на објавата на популарниот навивачки профил Anfield Edition, барајќи поголема почит кон играчите кои го напуштија клубот. Салах не се согласи со споредбата на новите засилувања со Луис Дијаз и Дарвин Нуњез, поранешни членови на тимот кој минатата сезона го освои првенството на Англија, пренесува Daily Mail.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Anfield Edition, кој на социјалната мрежа X го следат повеќе од половина милион луѓе, во вторникот ги истакна летните трансфери на Александер Исак и Флоријан Вирц. За нив Ливерпул плати 147 и 137 милиони евра, а објавата гласеше: “Наведете го најголемото подобрување во историјата на фудбалот”. Тие директно ги споредија со Дијаз и Нуњез, кои си заминаа ова лето. Колумбиецот за 77 милиони евра се приклучи на Бајерн Минхен, додека уругвајскиот напаѓач за 62 милиони евра премина во саудискиот Ал-Хилал.

Египетскиот репрезентативец веднаш реагираше. “Што ќе кажете да ги прославиме одличните засилувања без да имаме непочит кон шампионите на Премиер лигата?”, напиша Салах. Неговиот коментар предизвика голем број позитивни реакции од навивачите, а многумина му порачаа: “Во право си, Мо”, “Кралот зборува” и “Секогаш ќе се памети нивното влијание”.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што значи „правилото на Винисиус“? За првпат видено на Светското првенство, црвен картон што влегува во историјата

Интересна ситуација можевме да видиме во првото полувреме од натпреварот Турција – П…