Дома Моторспорт Сакаше да се слика со ѕвездите во Формула 1, но Фетел го избрка

Сакаше да се слика со ѕвездите во Формула 1, но Фетел го избрка

Луис Хамилтон синоќа во одлична трка славеше за Големата награда на Мексико.

Хамилтон дојде до чекор од одбрана на титулата, што веројатно ќе ја потврди веќе на наредната трка во САД.

Возачот на Мерцедес со неверојатна тактика успа да дојде до победата пред Себастија Фетел од Ферари и својот тимски колега Валтери Ботас.

Интересна сцена се случи во текот на доделувањето на пехарите кога возачите требаше да се фотографираат, а за слика се обиде да се приклучи и човекот кој беше маскота на трката во Мексико.

Тој имаше и посебна камера со која го снимаше славјето, а кога сакаше да застане да се фотографира со ѕвездите Фетел не му дозволи и едноставно го избрка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…