Дома Фудбал Рудигер на интересен начин го “боцна” најголемиот ривал – Барселона

Рудигер на интересен начин го “боцна” најголемиот ривал – Барселона

Нема потреба да се зборува за ривалството меѓу Реал Мадрид и Барселона, бидејќи сите знаат за што станува збор.

Тоа е долгогодишно ривалство на теренот, кое често излегува и надвор од границите на зелената трева, како што е случајот сега.

Имено, Антонио Рюдигер реши да го “боцне” најголемиот ривал на кралскиот клуб преку друштвената мрежа Instagram.

Една фан страница на Реал Мадрид постави на својот профил компилација од играчи на Барселона кои симулираат. Пред неколку дена, Instagram воведе опција “repost” со која одредено видео се појавува на вашиот профил.

Рюдигер реши да направи “repost” токму на оваа компилација од играчи на Барселона додека симулираат.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …