Дома Фудбал Рудигер доби голема суспензија по инцидентот во „Ел Класико“

Рудигер доби голема суспензија по инцидентот во „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид Антонио Рудигер и Лукас Васкез ги дознаа казните за несоодветно однесување на натпреварот од Купот на кралот против Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Антонио Рудигер и Лукас Васкес се суспендирани од страна на Фудбалската федерација на Шпанија, додека Џуд Белингем ја избегна казната.

Во главната улога во инцидентот беше Антонио Рудигер, кој го гаѓаше судијата со лед, по што на хаосот се приклучија уште неколку негови соиграчи.

На крајот, судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа исклучи тројца играчи. Црвени картони добија Рудигер, Лукас Васкес и Џуд Белингем.

Фудбалската федерација на Шпанија денеска одлучи да ги казни Рудигер и Васкес. Германецот е суспендиран на шест натпревари, а Васкес на два. Џуд Белингем ја избегна казната.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба пред големо враќање: По три години го чека „посебно изненадување“

Монако реши конечно да му даде вистинска шанса на Пол Погба на зелениот терен. Според инфо…