
Кристијано Роналдо неодамна го продолжи договорот со Ал Наср и презема се повеќе улоги во самиот клуб, покрај неговата играчка улога на теренот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неговото мислење се слуша во сите сегменти на клубот, а сега реши да се вмеша и во прашањата на трансфер политиката.
Португалската суперѕвезда смета дека управата на Ал Наср треба да го ангажира Луис Дијаз од Ливерпул.
Напаѓачот од Колумбија е многу бараен на пазарот, поради што Ливерпул постави цена од 100 милиони евра за него.
За Колумбиецот сериозно интересирање покажал Бајерн од Минхен, кој ќе биде сериозна конкуренција на саудискиот клуб.
Ал Наср има прилично финансиски средства, така што ниту 100 милиони евра за откуп не би требало да претставуваат проблем, но прашање е дали Колумбиецот во моментот е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија.