Eкипата на Рома е во криза, а засега тимот не реагира позитивно ниту по враќањето на Клаудио Раниери на клупата.
Во натпреварот викендов против Наполи, Рома го забележа шестиот пораз сезонава и тоа е најлошиот старт во последните 46 години на „волчицата“ во најсилната италијанска конкуренција.
На табелата Рома е на 12. место со освоени само 13 бодови и гол разлика од „минус четири“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем дел од навивачите сметаат дека Рома најголемата грешка ја направи со отказот за Мурињо кој со овој тим играше две финалиња во Европа во низа, но потоа по неколку лоши резултати следната сезона доби отказ.
Минатата сезона клубот потроши 120 милиони евра и сезонава смени три тренери, меѓутоа никако работите да тргнат на подобро.