Дома Ракомет РК Вардар потврди ново засилување и тоа од – Клоштад!

РК Вардар потврди ново засилување и тоа од – Клоштад!

Вардар го освежи својот стручен тим со доаѓањето на нов асистент кој ќе му помага на Гиљермо Милано. Нови член на Вардар е Аугустин Франциско Бу кој пристигнува од Колштад, Норвешка каде работеше со норвешкиот младински шампион, но и со тимот на Бјасен како аналитичар на податоци.

Има и искуство со репрезентацијата на Аргентина во текот на изминатата година, анализирајќи различни податоци и соработувајќи со Гиљермо Милано.

Франциско Бу веќе подолго време е во Скопје, и работеше на подготовката на тимот за натпреварите со Алкалоид и со Мелсунген, кои ги добија „црвено-црните“.

Бу ќе биде дел од стручниот тим, а покрај него како асистент на Милано ќе биде и Стојанче Стоилов кој и досега беше на клупата на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Без Митревски, Томовски ја презема главната улога на стартот кон ЕП 2028

Мартин Томовски влегува во репрезентативната недела со силна бундеслигашка форма. Македони…