Дома Фудбал Ристовски не го крие разочарувањето: Динамо ми вети нов договор!

Ристовски не го крие разочарувањето: Динамо ми вети нов договор!

Македонскиот фудбалер не доби нов договор, иако му било ветено…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Се враќавме од патување, и тогаш Велимир Зајец на аеродромот ми рече да не се грижам, дека ќе потпишеме нов договор. Мислев дека е тоа затворена работа. Но, како што е вообичаено, ништо не е сигурно додека не го видиш на хартија. Наскоро Мариќ доби отказ, а работите во клубот почнаа да се менуваат,” изјави Ристовски за Германијак.

“Почувствував каде се движат работите, па разговарав со Маненица и јасно му објаснив: ‘Без разлика на сè, ако одлучите дека нема да продолжуваме заедно, сакам да ракуваме и разделбата да биде во дух на почит. Динамо е голем клуб, овде бев еден од капитените, чувствата ќе останат силни и затоа сакам достоен разделба.'”

Засега не е познато каде македонскиот фудбалер ќе ја продолжи кариерата

Фото: GNK Dinamo Zagreb/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …