
Олександр Усик го одбрани светскиот шампионски појас во тешка категорија според ВБЦ-верзијата откако вечерва пред пирамидите во Гиза го победи најдобриот кикбоксер во светот Рико Верхувен со прекин во 11. рунда.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Светот на боксот беше шокиран кога беше објавено дека Олександр Усик ќе го брани WBC појасот на светскиот првак во тешка категорија против најдобриот кикбоксер во светот Рико Верхувен. Јасно беше дека украинскиот ѕвер е апсолутен фаворит и никој на Рико не му даваше големи шанси против Усик.
Сепак, се случи меч за паметење. Усик победи со прекин во 11. рунда откако Рико најголем дел од борбата го одигра навистина одлично и го имаше шампионот во контрола.
Многумина сметаат дека судијата го прекинал мечот прерано бидејќи веќе беше крај на рундата и Рико ќе имаше шанса да победи во 12. рунда. Сепак, одлуката останува таква и Усик останува непоразен шампион.
.Oleksandr Usyk finishes Rico Verhoeven in round 11
One of the worst stoppages I’ve seen?? #UsykRico pic.twitter.com/dXKIVigEhI— SleeperKO (@SleeperKO) May 23, 2026