Дома Ракомет РФМ му изрече опомена на Лазаров за црвениот картон со Пелистер (Видео)

РФМ му изрече опомена на Лазаров за црвениот картон со Пелистер (Видео)

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, доби црвен картон на дерби натпреварот против Пелистер, што предизвика бурна реакција на клупата.

Видливо вознемирен од одлуката на судиите, Лазаров влезе во вербална расправија со арбитрите, по што интервенираа неговите ракометари.

Инцидентот се случи во 41. минута од натпреварот во салата „Автокоманда“, а денеска Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја објави својата одлука – Лазаров доби официјална опомена за своето однесување.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Маркоски со врамен дрес ја затвори репрезентативната приказна

Никола Маркоски доби признание од РФМ пред дуелот со Луксембург, по завршувањето на играчк…