
Натпреварот помеѓу Вардар и Работнички (3-1) го привлече вниманието на медиумите во регионот откако „црвено-црните“ во него добија сомнителен пенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спорниот момент се случи во 41. минута, кога по центаршут на играч на Вардар, топката го удри фудбалерот на Работнички. Домашните веднаш побараа најстрога казна, а арбитерот без двоумење покажа на белата точка. Она што предизвика уште поголеми реакции беше фактот што и ВАР собата ја потврди одлуката, иако на снимката не се гледаше јасен прекршок.

Од пеналот, поранешниот играч на Црвена звезда, Давид Бабунски, израмни на 1-1, откако Работнички претходно водеше со голот на Имери уште во 7. минута. Во вториот дел, Работнички остана со играч помалку по исклучувањето на Демири во 54. минута, што Вардар вешто го искористи и со головите на Кастанеда и Мата стигна до конечни 3-1.