Дома Моторспорт „Редовно одам во посета на Шумахер, заедно гледаме телевизија“

„Редовно одам во посета на Шумахер, заедно гледаме телевизија“

Јавноста многу малку знае состојбата на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер.

Како што е познато Шумахер заработи тешки повреди на главата на скијање на француските Алпи во 2013 година. Од тогаш ретки се оние кои биле во контакт со германскиот возач, еден од нив е неговиот поранешен близок соработк, Жан Тод.

Актуелниот претседател на ФИА во времето кога Шумахер се натпреваруваше беше шеф на Ферари. Тој и денес остана близок со семејството, а во интервју за „Де Телеграф“ откри дека редовно со Шумахер гледале телевизија.

„Редовно одам во посета на Михаел. Заедно гледаме телевизија. Тој и понатаму се бори заедно со семејството и докторите“, изјавил Тод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…