Дома Фудбал Реал Мадрид сака да ја засили одбраната со двајца тинејџери – потребни ќе бидат 90 милиони евра!

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната со двајца тинејџери – потребни ќе бидат 90 милиони евра!

Реал Мадрид ќе бара нови играчи на стоперските позиции, пишуваат шпанските медиуми и откриваат кој се метите на славниот мадридски клуб. Најголеми желби наводно се Вилијам Салиба (23, Арсенал), Ибрахима Конате (26, Ливерпул) и Кастело Лукеба (22, РБ Лајпциг), но поради претпоставка дека ниту еден од нив нема да биде достапен за помалку од 70 милиони евра, клубот се сврте кон други решенија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дин Хујсен, 19-годишник кој игра за Борнмут, стана поизгледна опција. Тинејџерот е навивач на Реал со клаузула во договорот од 60 милиони евра. Според Transfermarkt е вреден 42 милиони евра, а сега е првпат повикан на собирот на шпанската репрезентација. Кариерата ја започна во Јувентус, беше позајмен на Рома, а во клубот од Премиер лигата игра од оваа сезона. Под договор е до летото 2030 година.

Заинтересираност има и за неговиот врсник Јорел Хато. Станува збор за холандскиот репрезентативец, производ и играч на Ајакс, употреблив и на позицијата лев бек. Него Transfermarkt го проценува на 30 милиони евра. Има важечки договор до крајот на јуни 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…