Дома Фудбал Реал го објави списокот за Светското клупско првенство, патуваат и повредените играчи.

Реал го објави списокот за Светското клупско првенство, патуваат и повредените играчи.

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денес го претстави составот од 34 играчи за претстојното Светско клупско првенство, во кој се вклучени и новите засилувања на Мадриѓаните – Трент Александер-Арнолд и Дин Хојсен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светското клупско првенство ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули во САД.

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, младиот шпански стопер Хојсен и повратникот Дани Карвахал се наоѓаат на списокот што го објави новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо.

На списокот се и најголемите ѕвезди на тимот Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Жуд Белингем.

Во составот се вклучени и играчи кои моментално се повредени, меѓу кои се француските репрезентативци Орелиен Чуамени, Едуардо Камавинга и Ферлан Менди, како и Уругваецот Федерико Валверде.

Реал Мадрид, кој изминатава сезона ја заврши без големи трофеи, ќе го започне натпреварувањето на премиерното издание на Светското клупско првенство со 32 екипи на 18 јуни против саудискиот Ал Хилал.

Оваа средба ќе биде и деби настап за Чаби Алонсо на клупата на Реал, откако тимот го превзеде од Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри жестоко го критикува Роналдо: Тимот треба да постигнува голови, не само ти

ТИРИ АНРИ (48) не се штедеше во критиките за изведбата на Кристијано Роналдо (41) при разо…