Дома Трансфер зона Рашфорд добива астрономска понуда од Саудиска Арабија

Рашфорд добива астрономска понуда од Саудиска Арабија

Маркус Рашфорд е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, откако новиот тренер јасно му стави до знаење дека нема да смета на него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рашфорд не е во плановите на Аморим,па Јунајтед сака да се ослободи од него во зимскиот преоден рок.

Според англиските медиуми, се подготвува сензационален трансфер, со тимовите Ал-Ахли, Ал-Итихад и Ал-Кадисија од Саудиска Арабија кои се заинтересирани за потписот на англискиот напаѓач.

Само клубовите од Саудиска Арабија можат да ги исполнат неговите финансиски барања. Во Јунајтед, Рашфорд моментално заработува 300.000 фунти неделно, сума која за саудиските клубови не претставува проблем.

Рашфорд преферира да остане во Европа, но не исклучува трансфер во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…