Дома Моторспорт Расел уверен: Ако трката траеше уште пола круг, ќе го поминев Норис

Расел уверен: Ако трката траеше уште пола круг, ќе го поминев Норис

Џорџ Расел е сигурен дека ќе го претекнеше Ландо Норис на Големата награда на Кина ако трката траеше само пола круг подолго.

Ландо Норис кон крајот на трката имаше сè поголеми проблеми со сопирачките, што значително му го ослабна темпото.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Расел брзо ја забележа можноста откако тимот го информираше за техничките проблеми на Мекларен и почна брзо да го стигнува сонародникот.

Возачот на Мерцедес само во последниот круг намали три и пол десетинки заостаток, но сепак Норис успеа да ја сочува втората позиција со предност од 1,3 секунди на целта.

„Мислам дека ќе го поминев за пола круг, но тој знаеше колку голема предност има и добро ја контролираше ситуацијата. На крајот на краиштата, не заслуживме ништо повеќе од трето место, па сум задоволен со овој резултат“, кажа Расел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Корина случајно покажа во јавноста фотографија од Шумахер која досега не е видена (Фото)

Информациите за неговата состојба се објавуваат многу ретко, бидејќи семејството, предводе…