Дома Фудбал Раниери може да стане селектор на Италија – има само еден услов!

Раниери може да стане селектор на Италија – има само еден услов!

Лучијано Спалети заминува од клупата на Италија по денешниот натпревар против Молдавија, па во оваа земја е во потрага по негов наследник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поразот во Осло од Норвешка со 3:0 го означи крајот за Лучано Спалети. Неговото време на чело беше кратко, само една година.

Главен фаворит за нов селектор на Италија е Клаудио Раниери кој неодамна се повлече од тренерската позиција во Рома и ја предаде на Џанпјеро Гасперини. Сепак, идејата на семејството Фридкин и на Ранијери е тој да остане во Рим и да продолжи да се занимава со спортскиот сектор. Планот е Раниери да биде менаџер кој ќе работи заедно со Гасперини.

Раниери е на крстопат, а како што пренесува Џанлука ди Марцио, единствениот пат напред за него е доколку семејството Фридкин му даде дозвола за двојна функција. Раниери претходно се обврзал кон Рома и сака да го исполни тоа ветување о секоја цена, но повикот од националниот тим е нешто на што не може да му се одолее, па затоа бара разбирање од Фридкин.

Состанокот во Рим е закажан за денес и наскоро ситуацијата ќе се разјасни. Ако Ранијери не ја преземе селекцијата, “азурите” ќе го разгледуваат и Стефано Пиоли како опција.

Фото: AS Roma/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…